Човекот кој стои зад убиството на поранешниот сопруг на Бакојани и пратеник на Неа димократија, но и зад убиствата на бизнисмени, воени аташеа, дипломати, гувернер на грчката банка итн, во придружба на сопругата, синот и адовкатката го напушти атинскиот затвор.

„Страста за слобода е посилна од сите ќелии.“ – извикуваа неколку поддржувачи на Куфодинас кои го пречекаа додека излегуваше од затворот.

„Дозволата е право на затвореникот, право кое беше стекнато со битки и жртвувања во затворот во изминатите години. Еден фер совет, донесе фер одлука донесена само врз база на законот. “ – рече адвокатката на Куфодинас, Јоана Куртовик.

Одлуката за доделување на дводневна дозвола за терористот предизвика реакции во Грција, особено во Неа димократија. Пратеничката Дора Бакојани, чиј сопруг беше еден од жртвите на Куфодинас, побара одговорност и став од владата, а видно вознемирена за грчката телевизија Скај ја коментираше 48 часовната дозвола за Куфодинас.

„Ако утре мојот внук Павлос ме праша: Бабо, овој е господинот што го уби дедо? И да ми покаже на Куфодинас кој седи во кафулето до нас, јас што да му кажам? Што ќе му кажам?  “ – рече Бакојани.

Во следните 48 часа, Куфодинас ќе треба 2 пати дневно да се пријавува во полициска станица и ова е прв пат по неколкуте одбиени барања да добие позитивен одговор и 2 дена да помине на слобода.

Датум на објава: четврток, 09 ноември 2017 во 13:50
Сања Ристовска
Обновено во: 13:50

коментари

остави коментар