Мајкл Анело сопственик на компанија за приватно обезбедување, кој имал договор со Мараја Кери од јуни 2015 година се до мај годинава, тврди дека пејачката без образложение го раскинала договорот  кој требало да трае се до летото во 2019 година.

Анело наведува дека популарната пејачка  не му исплатила 221 000 долари, кои биле предвидени со договорот и дека таа вербално го понижувала него и неговите соработници, е наведено во неговата тужба.

Анело воедно тврди дека Мараја кери сите негови работници, белци ги нарекувала, нацисти, скинхенди, и членови на Кју Клукс Кланот.

Датум на објава: четврток, 09 ноември 2017 во 12:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:51

коментари

остави коментар