Но, има еден голем проблем, од езерото не би сте се вратиле живи.

Имено, по само еден час минати крај езерото  нивото на радијација во вашето тело ќе изнесува 600 рендгени што е доза која убива.

Езерото Карачај е сместено во рускиот регион Чељабинск , во близина на границата со Казахстан и се наоѓа во склоп на фабрика за репроцесирање на нуклеарен отпад Мајак.

Фабриката е изградена во четириесеттите години на минатиот век, откако СССР производството на оружје го пресели на исток поради опасност од нацистичка инвазија. Мајак долго време била една од најзначајните руски фабрики за нуклеарно оружје, во која странците немале пристап полни 45 години.

Дури по 1992 година  на странците им е дозволен пристап до фабриката, во периодот кога рускиот претседател Борис Елцин   потпишал документ кој го дозволува тоа. Научниците од западот  фабриката Мајак веднаш ја прогласиле за најзагаденото место на Земјата.

Во децениите во изолација инженерите од фабриката целиот радиоактивен отпад го испуштале во езерото. Овој отпад бил коктел од радиоактивни елементи, вклучувајќи ги и долготрајните  фисијски производи како Стронтиум-90 и Цесиум -137.

Пред западните научници да добијат пристап до фабриката во регионот околу езерото се забележани 21 процент повеќе заболени од рак, 25 проценти  повеќе родени деца со  мани и дури 41 процент повеќе заболени од леукемија. 

Датум на објава: четврток, 09 ноември 2017 во 10:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар