Оваа поетска книга на Ренџов на годинашните Струшки вечери на поезијата ја освои најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладиновци“.

Беседа за поетското творештво на Михаил Ренџов и осврт кон наградената книга ќе одржи поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски.

Михаил Ренџов е веќе меѓу доајените на македонската современа поезија, автор е на триесетина поетски книги, носител на врвни македонски и меѓународни награди и признанија, а неговите книги се преведени на дваесетина странски јазици. /МИА

коментари

остави коментар