Според изјавата на актерката, Сигал “непријатно ја изненадил“ уште во текот на првата средба.

„Тоа се случи во осумдесеттите, кога имав 23 години. Агентката ме повика една вечер и ми рече дека Сигал сака да одам кај него во хотел за да ги вежбаме сцените. Одговорив дека немам пари за такси, а и не смеам да одам со метро, но таа рече дека Стивен ќе ми ги врати парите“ – изјави Маргулис.

„Кога стигнав, тој дискретно ми стави до знаење дека има пиштол, а потоа ми рече дека е шаман и исцелител и сака да ме измасира. Почнав да врескам и одвај се извлеков од таа ситуација“ – додала актерката.

Џулијата Маргулис имала непријатно искуство и со Харви Вајнстин, кој овие денови стотина жени во Холивуд го обвинуваат за сексуално вознемирување и злоставување.

Актерката тврди дека Вајнстин во 1994 година ја дочекал во хотелската соба со запалени свеќи и пењоар.

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 11:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар