Организатор на настанот е Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА кој соопшти дека минатогодишниот симпозиум бил прва активност во рамки на големиот проект „Европската драма и театар во Република Македонија“ инициран од ЕФТА и ректорот Јордан Плевнеш.

На симпозиумот учествуваа триесетина научни работници, професори, актери, режисери и драматурзи од двете соседни земји.

Зборникот од научните трудови денеска ќе го претстават составувачот Гоце Ристовски, декан на Факултетот за театарска уметност на ЕФТА, и театрологот Ристе Стефановски, почесен професор на овој универзитет. /МИА

коментари

остави коментар