Овогодинешна победничка е Роси Оливеира, жена која била спремна да го жртвува бракот за да учествува во оваа програма.

Во финалето на натпреварувањето учествуваа тринаесет дами, а убедлива победа однесе Роси Оливеира – убавица која ја претставува државата Амазонас.



Таа подоцна ја откри и необичната приказна која стои зад оваа титула.

За да учествува на натпреварувањето, Роси го жртвувала својот брак.

„Сопругот ми рече да изберам меѓу него и ова натпреварување“ – изјави за „Дејли Меил“.

Решена да го оствари својот сон и да ја освои титулата на најубав задник на Бразил, Оливеира не го послушала. Како што изјавува, поради тоа воопшто не жали.



„Тоа беше најлесната одлука која некогаш сум ја донела. Сонував за ова од моментот на детството па не сакав да дозволам тој да ми застане на патот. Уште не можам да верувам дека се оствари. Морам се штипнам за да се уверам дека не сонувам“ – истакнала победничката.

Роси открила дека магазинот „Плејбој“ и понудил снимање, но се уште не е сигурна дали ќе се согласи.

Инаку, покрај убавиот и голем задник, ова натпреварување бара и владеење на некои одредени активности, како спуштање на сите четири и исфрлање на задникот преку рамена, како и поседување харизма.

„победничката на натпреварувањето ќе го претставува Бразил и во странство, па не е доволно да се има само добар задник. Потребна е и харизма, рекла една од жените од комисијата и потоа додала:

„Задниците се национална опсесија во Бразил. Ние се гордееме со нашите задници, а „Мис најубав задник“ ќе не претставува сите нас, затоа е толку тешко да се избере победничка“.



Колкава е заинтересираност на жените за ова натпреварување доволно зборува фактот што минатиот месец биле откриени дури шест девојки кои го лажирале гласањето на интернет. Една дури морала да пројде рентген за да се утврди дека нејзиниот задник е целосно природен.

Датум на објава: вторник, 07 ноември 2017 во 21:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар