Коен која го обвини Вествик дека ја силувал пред три години, кога за прв пат го запознала во неговиот стан, кој тогаш го посетила со тогашниот партнер.

Младата актерка изјави дека атмосферата од почетокот била непријатна, бидејќи актерот цело време сугерирал дека сите тројца би требало да имаат секс. Кристина изјави дека од својот партнер, инаку продуцент, веднаш побарала да заминат, но тој и рекол да останат уште 20 минути за да не дојде до недоразбирање. Изјави дека била многу уморна, а Вествик и предложил да отиде во една соба во станот и да легне.

„Одеднаш се разбудив и го почувствував Ед на мене, а неговите прсти влегуваа во моето тело. Му реков да престане, но беше силен. Се борев колку што можев, но тогаш со своите раце го фати моето лице и рече: „Сакам да те е*ам“. Бев парализирана, уплашена. Не можев да зборам, не можев да се помрднам. Ме совлада и ме силуваше“ – напиша на Фејсбук пост.

Кога подоцна на својот партнер му реков што се случи, тој очекувано ја нападнал обвинувајќи ја дека “активно учествувала во чинот“. Наводно и рекол на никого да не кажува за ова бидејќи Ед познава луѓе во филмската индустрија кои можат да и ја уништат кариерата. Исто така и рекол да “не биде една од оние силувани актерки“ поради што не требало ништо за ова да им спомне ниту на пријателите,

„Чувствувам гнев кога ќе видам луѓе како Ед како добиваат почитување од публиката. Тој дава изјави за Оксфорд Универзитетот, каде е прогласен за еден од оние луѓе кои го формираат нашиот свет. Како ќе се заврши тоа? Луѓето како Ед ја користат својата слава и сила да спроведат насилство и да заплашуваат, а продолжуваат да собираат награди“ – напишала на крајот на својот исповед.


Датум на објава: вторник, 07 ноември 2017 во 18:06
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:08

коментари

остави коментар