Како што информираат организаторите, тема е избрана водејќи се од фактот дека материјалите, нивната достапност и обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот годинава ќе се претстави во пет програмски целини, каде водечка е секцијата на дизајн изложбите.

Земја во фокус е Унгарија, која ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци.

- Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот  на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје, најавуваат органзиаторите на фестивалот.

Во делот на музичката програма ќе настапат пет музички групи од регионот: „Васил Хаџиманов бенд”, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како - кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.

Викенд програмата е резервирана за работилница за дизајн расмислување водена од експерти од целиот Балкан и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Неделата на дизајн ќе се одвива на две локации - Јавна соба и Лукс мебел и расветa, а влезот е слободен за сите посететители. /МИА

Датум на објава: понеделник, 06 ноември 2017 во 14:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар