Наскоро бендот ќе промовира нов проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.

- Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба, во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа, велат Ориенталци.

Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а за песните се планирани и видео записи.

Датум на објава: понеделник, 06 ноември 2017 во 14:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:19

коментари

остави коментар