Влезниците за сениорскиот дуел Македонија – Норвешка се по цена од 100 и 150 денари. Дуелот е закажан за 11 ноември на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 18:30 часот.

На истото место на 14 ноември од 13 часот, ќе играат селекциите на Македонија и на Австрија составени од фудбалери до 21 година. Цената на билетите за овој меч во рамките на квалификациите за ЕП  изнесува 100 денари.

Влезница може да се набави преку продажната мрежа на mktickets. 

Датум на објава: понеделник, 06 ноември 2017 во 11:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар