Непријатниот настан се случил на нивната прва средба , кога актерката имала 23 години , кон крајот на осумдесетите. Една вечер и се јавила агентката и и рекла да оди во хотелската соба на славниот актер за да ги вежбаат сцените.

Кога стигнала во собата на Холивудската ѕвезда , познат по десетиците улоги во акциони филмови  , тој и го покажал пиштолот и и рекол дека е шаман . Побарал да ја измасира . Актерката почнала да вика и некако се спасила .

Истата актерка имала непријатно искуство и со продиуцентот Харви Вајнштајн , со кого почна целата афера во Холивуд за сексуално малтретирање на актерките и другите жени во филмскиот бизнис.

Продуцентот се соочува со обвинувања од десетици жени , кои јавно говорат за нападите и понижувањата .

Актерката Маргулис меѓу првите раскажа дека продуцентот ја повикал во неговата хотелска соба во 1994 – тата  , каде ја пречекал со запалени свеќи и облечен само во наметка .

Датум на објава: сабота, 04 ноември 2017 во 19:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар