Одлуките за овие тужби, како што изјавија за МИА од Судот, ќе бидат донесени утре.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат разгледани и преостанатите шест тужби. 

До Управниот суд денеска заклучно до десет часот беа поднесени 16 тужби.

Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.

ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

Датум на објава: сабота, 04 ноември 2017 во 19:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар