Писателката Ана Греам Хантер објави дека актерот “ја допирал“ и “наведувал на непристоен разговор со сексуална конотација“, во текот на снимањето на телевизискиот филм “Смртта на трговскиот патник“ од 1985 година.

Хофман се извини “за се што можеби направил“ во текот на снимањето на филмот пред три децении. Тој во соопштението наведе дека најмногу почитување има кон жените и се чувствува ужасно бидејќи тоа што и го направил на Хантер ја довело во непријатна ситуација.

„Навистина ми е жал. Тоа не е одраз на тоа кој навистина сум јас“ – истакнува актерот.

Хантер работела на снимањето како дел од помошниците.

„Првиот ден кога дојдов на снимање, побара да му ги измасирам стапалата. Тоа и го направив“ – напиша таа во текстот за Холивуд репортер.

Сите детали за односот на Хофман спрема неа, во текот на петте недели додека траело снимањето, Хантер го опишала во дневникот кој го водела, и потоа и го испратила на својата сестра.

Датум на објава: петок, 03 ноември 2017 во 10:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар