Како што изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.
Членовите на ДИК, исто така, ги отфрлија сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот поднесен од НДМ.

Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците ДИК ги отфрли како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден.

Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Одлуките на Управниот суд се конечни. /МИА

Датум на објава: четврток, 02 ноември 2017 во 21:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар