Изложбата е реализирана како проект на Министерството за Култура на Република Кина во соработка со светски познатиот куратор Кси Донг Ченг. Делата на Кашавелски во Пекинг ќе бидат изложени до крајот на февруари. Паралелно со оваа изложба, Кашавелски ги презентираше своите дела  на интернационалната изложба во Хуангченг  и  на саемот за уметност во Шангај.

- Учествував на три престижни ликовни настани во Кина за време на едномесечниот престој во октомври. Првин на Интернационалната групна изложба во Хуанченг. Паралелно, моите дела беа презентирани во Шангај на саемот на уметнички дела „Арто 21“ („Аrto21 Сhanghai Contemporary Art Fair")  за да на крајот се претставам во ексклузивниот уметнички кварт „798“ („798 Art District“) во Пекинг“, изјави академискиот сликар.

Тој додава дека како претставник на земјите од Источна и Централна Европа изложувал и во  просторот за современа уметност „Хин Донг Ченг“ („Хin dong cheng space for contemporary art") .Овој простор се смета за елитен изложбен постор во светски рамки, а неговиот сопственик Хин Донг Ченг е познат куратор и колекционер, кој истовремено работи и консалтинг услуги за кинеското Министерство за култура.

„798“ уметничката зона во Пекинг, каде еден од основачите е токму господинот Ченг, во моментов е најатрактивниот изложбен простор во Кина и предизвик за излагање за многу уметници од светот. Лично сум изненаден од одличниот прием и интересот што го предизвикаа неколкуте нови слики од циклусот „Богатството на таинствениот“, посочува Кашавелски.

Познатиот академски сликар од Куманово, идната година ќе учествува на арт саемите за уметноста во Токио и  Хонг Конг, кои се мошне популарни настани во земјите од Далечниот Исток.

Во ноември и декември, академскиот сликар ќе изложува дела во Париз, каде како член на Друштвото на ликовните уметници на Франција  ќе учествува на  групна изложба во Лувр, а подоцна и на есенскиот салон во Павиљон на Елисејските полиња и на Зимскиот салон во Гранд Пале.  Есенва, Kашавелски доби  две меѓународни награди од  биеналето во Мантова Италија, каде ја доби  наградата „Андера Мантења“ (Interantional Prize Andrea Mantegna“)  и „Киц награда“ ("Kitz Award") од Тирол, Австрија. 

Датум на објава: четврток, 02 ноември 2017 во 11:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар