Според ДИК, поднесени се стотина приговори за вториот круг од локалните избори. Во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.  Одлуките на Управниот суд се конечни./МИА

коментари

остави коментар