Најмалку осум лица загинаа, а десетина луѓе се повредени кога камион влета во пешаците и велосипедистите на патеката на Менхетн со голема брзина  На самото место загинале 4 велосипедисти . Во него удрил училишен автобус за да го запре . Во автобусот има 11 повредени . Потоа од камионот излегол маж , кој извикувал ,,алах акбар “ и почнал да се заканува со оружје . Во него пукале полицајците , но напаѓачот останал жив  , по што бил уапсен . 

Според полицијата , човекот е уапсен , а градоначалникот  Бил де Бласио е на местото на престрелката , што се случила во близина на споменикот на жртвите на 11. септември.

Нападот се случил пред училиште во момент кога учениците требало да си заминуваат . 

Само по неколку часа на Менхетн требало да се одржи парада на Ноќ на вештерките , каде се планирало да се соберат илјадници луѓе.. Парадата е откажана, а целиот Менхетн е блокиран . Се трага по помагачите на овој терористички напад 


Датум на објава: вторник, 31 октомври 2017 во 22:05
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:47

коментари

остави коментар