Ова за Канал 5 го изјави новиот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.

Градоначалничката битка во Гостивар ја изгуби кандидатот на ДУИ Невзат Бејта.

Бејта најави дека ќе се повлече од политиката на неодредено време но на новинарско прашање дали ќе прифати функција во извршната власт Бејта рече - само доколку граѓаните тоа го побараат од него.

Рамиз Мерко од ДУИ е новиот градоначалник на Струга.

Лидерот на Алијансата Зијадин Села денеска за Канал 5 кратко рече дека не сака да коментира.

Вчера Села рече дека не ги признава изборните резултати.

Во останатите општини со мнозинското албанско население, битката се водеше меѓу ДУИ и БЕСА.

Во Тетово старо новата градоначалничка Теута Арифи, ќе ја води општината уште четири години, лидерот на БЕСА Билал Касами ја изгуби битката.

Тој беше и првиот пратеник кој си поднесе оставка откако се кандидираше за градоначалник.  Алијансата на Села победи и во Боговиње и Врапчиште.  ДПА има градоначалник во Студеничани.

Најголемото изненадување на парламентарните избори БЕСА, го освои само тетовско Желино. 

Датум на објава: понеделник, 30 октомври 2017 во 14:41
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 16:48

коментари

остави коментар