Со тоа на овие локални избори вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња од двата круга изнесува 57.465, а бројот на важечки 1.448.622 ливчиња.

Вчера, од вкупно 833.716 избирачи кои можеа да гласаат во вториот круг, избирачкото право вчера го искористија 432.866 или 51,92 отсто од вкупно запишаните избирачи во единствениот избирачки список.

На претходните локални избори во 2013 година имаше 40.289 неважечки ливчиња, додека на последните парламентарни избори во декември минатата година евидентирани беа 38.712 неважечки ливчиња. 

Датум на објава: понеделник, 30 октомври 2017 во 08:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:59

коментари

остави коментар