СДСМ, според резултатите по двата круга од локалните избори, ќе раководи со Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијансата за Албанците во три, БЕСА, ДПА и ДПT во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.

Партијата на Заев во вториот круг освои 19 општини, ДУИ 8, ВМРО-ДПМНЕ две, Алијансата за Албанците три општини, ДПА и БЕСА по еден градоначалник, а победи и еден независен кандидат.

Ова е голема победа на граѓаните. Имавме демократски и фер избори, порача лидерот на СДСМ, Заев.

Во однос на барањето на лидерот на опозицијата, Груевски, за вонредни парламентарни избори, Заев изјави дека на Македонија не и требаат избори и го повика да го преиспита ставот за непризнавање на изборните резултати.

Датум на објава: понеделник, 30 октомври 2017 во 08:51
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:53

коментари

остави коментар