ДИК, истакна Чичаковски,  при спроведувањето на овие, но и на сите претходни избори секогаш се водеше од принципите на професионалност,  независност, отчестност и транпарентност.

- Притоа дававме се од нас со цел да овозможиме на граѓаните да имаат еднакво, слободно и тајно право на глас. Друг начин на работа овој состав на ДИК не познава. Овие меѓународно признати стандарди  ги применувавме и при спроведување на предвремените парламентарни избори и за спроведување на Локалните избори 2017 година, наведе Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која ги соопшти првичните резултати од вториот круг за локалните избори.

Како што информира,  до ДИК, за разлика од првиот изборен круг,  пристигнале мал број приговори за заштита на лично избирачко право.

- ДИК институционално ги процесуираше и сакам да истакнам карактеристика за денешниот ден е дека пристигнаа многу мал број забелешки барем за инструкции од општинските изборни комисии и од избирачките одбори од политичките партии мислам дека денеска пристигнаа само три забелешки и тоа во форма на известување, информира претседалот на ДИК.

Датум на објава: недела, 29 октомври 2017 во 23:38
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 23:49

коментари

остави коментар