-ДУИ се трансформира во огранок на СДСМ, рече Касами додавајќи дека оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци. „ДУИ веќе ја нема,  но затоа има еден огранок на СДСМ“.

Касами кажа дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ, и затоа побара предвремени парламентарни избори.

Претседателот на Движењето БЕСА го призна поразот во Тетово и Чаир, и им се заблагодари на симпатизерите на БЕСА и Алијансата за Албанците, кои максимално беа посветени.

-ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците, рече Касами. 

Датум на објава: недела, 29 октомври 2017 во 23:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар