Денеска се потврди дека граѓаните избраа промени и живот во најголемиот број општини во државата.

Како шеф на изборниот штаб на СДСМ, изразувам благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни фер и демократски избори, до сите членови, до сите активисти и волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата.

Благодарение на вашата ангажираност, Македонија се гордее со овој величествен ден!

Денес, Македонија одбра промени, Македонија одбра живот за сите.

Датум на објава: недела, 29 октомври 2017 во 22:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар