- Денеска победи Кавадарци, победи општината, го избравте правиот човек кој ќе ве води во прав правец, истото ви го ветувам и денеска како што го ветував и претходно. Пред се сакам да се заблагодарам на сите жители во Кавадарци, на сите оние кои излегоа да гласаат без разлика од која страна, Кавадарци е убава општина и ќе биде најубава, рече Јанчев на прославата на градскиот плоштад.

Јанчев нагласи дека знае да работи и да менаџира со општинскиот буџет и се заблагодари на неговиот тим и за поддршката од кавадарчани.
- Ги поздравувам и од спротивната страна и да им кажам ќе имаат прекрасна соработка со мене, само во интерес на општината. Ќе соработувам со секого без разлика од која партија е само во интерес на Кавадарци, додаде Јанчев.

Според првичните информации, во Росоман и Демир Капија победија кандидатите на СДСМ и коалицијата, Бранко Јанев и Лазар Петров.

Датум на објава: недела, 29 октомври 2017 во 22:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар