На социјалните мрежи се потпишува како Ники Егзотика.

Никол од својата 18 година го менува својот изглед.



Пет пати ги оперирала градите, имала четири операции на носот, операција за подигање на очните капаци, вградила импланти во стомакот, образите, брадата, вилицата и устата. Отишла и на промена на полот, а единствено не направила липосукција.

„Додека растев секогаш си играв со Барбики и просто го обожавав нивниот изглед. Исто така им се воодушевував на убавите жени, како Памела Андерсон и Кармен Електра и длабоко во душата знаев дека сакав да бидам како нив“ – изјави Никол.



„Сакав гламурозен и убав изглед како Барбика. Операциите ме чинеа многу пари, но за среќа имав богати момчиња кои ми помагаа. Повеќе нема да се оперирам, конечно задоволна сум со изгледот“ – изјави таа.

Меѓутоа, патот до денешниот изглед на Никол односно Џејсон, воопшто не бил лесен. Кога бил мал претрпел бројни малтретирања од врсниците. Потисната состојба на стрес кулминирала кога на 16 години проголтал 100 таблети парацетамол и се обидел да се убие.

На 17 години родителите го исфрлиле од дома, а после година дена живеење кај пријатели, се преселил на Менхетен. Почнал да танцува во геј клубови и тука се родила идејата за трансформација.


 

💖💕Make sure you follow👉🏻👉🏻👉🏻 me on Snapchat 👻NikkiExotika 💖💕

A post shared by Nikki Exotika (@nikkiexotika) on


„Ме отпуштија бидејќи се појавив со перика. Тие сакаа убави момчиња, а јас се претворав во убава девојка. Поради тоа почнав да работам во ноќни клубови и таму го запознав еден од најпознатите ловци на танчарки. Оттогаш мојата кариера оди само нагоре“ – изјави Никол која тогаш го смислила името Ники Егзотика.

Конечно имам чувство дека можам да се прифатам себе си таква каква што сум. Не сум маж, не сум геј, јас сум транссексуалец“ – нагласува Никол.

Датум на објава: вторник, 17 октомври 2017 во 13:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар