Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните да бидат повнимателни поради високите надворешни температури и сушниот период, бидејќи се зголемува опасноста од избувнување пожари и им препорачува да бидат помобилни при настанување пожар на отворен простор, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места.

Исто така, апелираат до граѓаните кои што се движат или се рекреираат во парк-шумите или излетничките места да не палат оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се пали отпад и да не се фрлаат отпушоци од цигари.

Датум на објава: понеделник, 29 јули 2013 во 14:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар