- Денес на 13.10.2017 година во 13:45 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје е пристигнато барање од Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судското рочиште закажано за 17.10.2017 година по предметот II КОК.бр.127/15 и II КОК.бр.35/16 и судското рочиште закажано за 19.10.2017 година по предметот и I КОК.95/16, на кои треба да се објават пресудите по овие предмети, да се одложат за друг термин после 01.11.2017 година, се наведува во соопштението од  Основниот суд Скопје 1.

Имајќи го предвид ова барање, како што посочуваат од Суд, објавата на пресудата по предметот II КОК.бр.127/15 и II КОК.бр.35/16 се закажува за 2-ри ноември во 10:30 часот, а објавата на пресудата по предметот I КОК.95/16 се закажува за 3-ти ноември во 10:30 часот. 

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 15:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар