„Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, и другите ќе го направат истото. Тоа не го сакам“, изјави Јункер во говорот на луксембуршкиот универзитет.

Тој истакнува дека е „многу загрижен“ поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување до шпанскиот премиер Маријано Рахој да обезбеди ситуацијата да биде ставена под контрола.

Во врска со каталонските повици ЕУ да биде посредник, Јункер вели дека Комисијата не може да посредува доколку само една од страните го бара тоа.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 14:56
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар