Се бара истрага за набавки од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од фирмата Атриум во изминатите пет години.

Портпаролот на Влада вели дека се сомневаат дека се сторени злоупотреби при набавка на авионски билети за потребите на Владата во периодот од 2012 до 2016 година односно дека владините служби фаворизирале една компанија од неколкуте со кои се потпишале рамковни договори.

Третиот случај , според владиниот портпарол , се однесува на ангажирање на тројца советници во кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Владата се сомнева во полноважноста на договорите склучени со Александар Никовски, Џорџ Пери и Јехшуа Шуки Глајтман потпишани од тогашниот шеф на кабинет, Мартин Протуѓер. Владата бара мислење од Државното правобранителство дали трошоците кои ги направил Никовски околу 217 илјади евра се оправдани и може да се сметаат за службени трошоци.

Информациите за овие случаи доаѓаат само на два дена пред одржувањето на локалните избори в недела.

Прашан зошто токму денеска се објавуваат иако барањата до МВР се испратени пред повеќе од две недели, владиниот портпарол вели „имаше и други чекавме да се соберат, но тие уште не се процесирани“. 

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 14:29
Јулијана Николовска
Обновено во: 14:34

коментари

остави коментар