Тоа било вистински шок за неа, поради што одлучила да ги промени своите животни навики и конечно да го изгуби вишокот килограми.

И покрај фактот што во средно училиште се занимавала со спорт, во текот на годините постепено се предала на седечкиот начин на живот. Со лоши прехранбени навики, килограмите само се зголемувале.

„Бев пребирлива кога стануваше збор за храна. Воопшто не консумирав зеленчук. Секој ден јадев само брза храна. Лежев во кревет и гледав серии. Само сакав да јадам, да одам на работа и да ги гледам своите серии“ – откри Џесика во интервјуто за магазинот „Пипл“.

Како што изјави во 2016 година конечно сфатила дека не се чувствува добро во сопствената кожа.



„Ми беше тешко да станам од кревет. Се чувствував бедно. Знаев дека морам да ги изгубам килограмите бидејќи добив и висок крвен притисок, но ми требаше нешто повеќе од година дена за да сфатам колку е тоа опасно и дека морам нешто да преземам. Се спремав да започнам со гледањето на уште една серија, но тогаш си реков не може повеќе вака. Не сакав да седам во кревет и да не правам ништо. Се чувствував мрзливо. Не сакав дури ни да се дружам со своите пријатели“ – искрена е Џесика.

Така преку ноќ ја променила својата исхрана. Ја исфрлила брзата и нездрава храна и ја заменила со нови намирници. Наместо хамбургер вовела хумус, свежо сирење, јогурт, свеж зеленчук и омилената салата со пилешко.

Џесика открила дека за појадок обично избира овошен смути во кој додава овесни снегулки и ленени семки  или подготвува кајгана со печурки, домати, спанаќ и фета сирење.

Покрај исхраната, за да ги изгуби килограмите неопходно било да воведе физичка активност.

Така Беникез прво почнала со вечерни прошетки во кои би поминала два до три километри и почнала да вежба со видеа од Јутуб.



Откако влегла во форма, почнала да вежба во теретана.

„Го одложував тоа бидејќи бев нервозна. Не сакав луѓето да ме гледаат. Ми беше срам што сум млада и дебела. Кога поминуваш низ теретаната, гледаш многу фит луѓе и тоа ме плашеше“, признава Џесика.

Во теретаната започнала да вежба со личен тренер и секој ден вежбала по еден час, а денеска толку многу ужива што тоа го прави и по два часа на ден.

За целосниот потфат на слабеење и биле потребни 19 месеци, а изјави дека само една одлука и го променил животот.

„Никогаш не мислев дека ќе бидам овде каде што сум денес. Бев срамежлива, а сега имам многу повеќе самодоверба и многу повеќе енергија. Претходно ми требаа 20 минути да поминам еден километар, а сега ми требаат 50 минути да претрчам 10 километри. Неверојатно е што се можам сега да направам, а претходно не можев“ – заклучува гордо Џесика.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 11:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:49

коментари

остави коментар