Како што соопшти Друштвото на писателите на Македонија, наградата на Димески ќе му ја врачи амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак, а обраќање ќе има претседателот на ДПМ  Веле Смилевски.

Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едногласно ја донесе жири во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.

Василе Димески годинава одбележа 70-годишен животен јубилеј и 50 години творечка дејност. Автор е на 14 поетски книги кои имаат свое место во поновите текови на современата македонска поезија. Живее и создава во Прилеп. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар