Собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а обраќања ќе имаат и академиците Зузана Тополињска, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Георги Старделов и професорите од универзитетите во Торонто и Чикаго - Кристина Крамер и Виктор Фридман, кои се надворешни членови на МАНУ.

Првиот претседател на МАМУ, академик Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 - Скопје, 7 декември 1993), е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 09:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар