Британските научници во најновата студија тврдат дека пропаднале мерките донесени со протоколот од Монтреал во 80 – тите години , со кои се забрануваше користење на електрични уреди со ЦФЦ системи , како на пример ладилниците .

Сега , најголемиот проблем се хемикалиите кои се испуштаат во атмосферата при производство на пластика .

Но , бидејќи најголемите производители се во Кина и источна Азија , земји каде нема ограничувања за овие хемиски соединенија , состојбата е алармантна .

Само во последните 10 години новото на хемиски соедниненија што се користат при производство на ПВЦ и разредувачи на бои , се зголемило за 60 проценти .
Ваквото загадување е директна причина зошто озонската дупка над Антарктикот нема да се поправи ниту во наредните 30 години .

Освен овие , научниците сметаат дека има и други хемиски соединенија , поради кои може дополнително да биде уништена озонската обвивка .

Научниците утврдиле дека опасните хемиски соединенија од Кина и Малезија со помош на топлите ветрови се издигнуваат на 12 километри височина.

Според досегашните анализи , озонската дупка требаше да се затвори до 2050 , но со новите наоди овој период се продолжува на уште 20 – 30 години. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 19:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар