Кристијан Константин е казнет со 14 месеци суспензија и 10 000 франци казна , за физички напад врз коментаторот на Швајцарската национална телевизија .

Коментаторот , кој инаку е поранешен селектор на репрезентацијата на Швајцарија , Ролф Фрингер , на натпреварот меѓу Лугано и Сион го нарече Константин за нарцисоиден и нечувствителен . Ваквиот коментар толку многу го налути претседателот , што го бутна коментаторот на земја и го удари .

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 18:32
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:33

коментари

остави коментар