„АП“ пренесува дека спротивставените страни се гаѓале со столчиња, додека локалната полиција се обидува да ги раздвои.

Агенцијата наведува дека не е јасно што го предизвикало ова насилство нити кој учествувал во него.

„АП“ наведува дека на снимките се гледа како столчиња летаат на двете страни, додека припадниците на комуналната и регионалната полиција туркаат неколку десетина демонстранти од секоја страна.

Се наведува дека во близина се одржува протест на организација на цивилното друштво која се противи на сепаратистичките планови на Каталонија и дека демонстрациите не се прекинати.




Истовремено околу 200 припадници на ултрадесницата и шпанските националистички организации ги завршија митингот на брдото Монжуик во Барселона на кој го запалија неофицијалното знаме попознато како „Сенјера“ кое стана симбол на каталонските сепаратисти.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 16:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:10

коментари

остави коментар