Ова е заклучокот од дебата - Известување на медиумите во изборна кампања, на ЗНМ. АВМУ соопшти дека до обвинителството поднела  само 6 прекршочни пријави за разлика од над 60-тина во претходниот изборен циклус. Според Трајчевски ова е резултат на пресвртот на однесувањето на судовите.

- Првпат по толку години каде што имаме точно наведени рокови во законот и судот реагира веднаш и за наше изненадување се закажува рочиште, дури има рочиште во 17 часот минатиот петок за да се почитува рокот од 48 часот и вечер во 19 часот беше изречена пресуда за прекршување на Изборниот закон, вели Трајчевски.

За Џабир Дерала од Цивил во изминатите десет години имало спрега меѓу медиумите, политичките партии и судовите., која предизвикала фатални последици и пад на политичката култура. Тој посочува дека  говорот на омраза во медиумите предизвикува насилство во општеството.

Судот најде за сходно да осуди едно лице за фб пост против претседателот на Турција Ердоган а не најде за сходно да осуди говор на омраза кој има многу жестоки последици во општество, вели Дерала.

Според ЗНМ за разлика од минатото кога од  54 напади врз новинари полицијата не нашла ниту еден напаѓач, за овие локални избори нема напади врз новинарите.  Според Селмани ова се должи на различниот однос на полицијата кон новинарите.

Заеднички став на учесниците е ваквиот тренд да продолжи и во иднина, и по изборите. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:38
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар