Загинал возачот на автобусот.

Несреќата се случила во местото Врановци, пренесува „Index.hr”.

Хрватскиот портал 24sata.hr наведува дека загинал возачот на автобусот, кој најверојатно поради пукање гумата, преминал во другата лента.

Автобусот кој се превртел бил полн со деца, на возраст од околу осум години. Меѓу нив има повредени. Засега нема информации за потешко повредени.

По нив е испратен друг автобус, но многу од  децата толку многу се уплашиле што во еден момент одбиле да влезат во него.


Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар