Истражувачите од швајцарскиот институт за технологија ги испитуваа постројките за пречистување на отпадните води ширум Швајцарија и проценија дека низ системот секоја година поминуваат 43 килограми злато, чија вредност се проценува на 1.8 милиони долари.

Концентрацијата на скапоцениот метал е толку мала што не претставува закана за околината. Сепак, во некој области како што Тичини на југот на земјата, постојат доволно количини кои го отежнуваат рециклирањето.

Со оглед на количина која би можела да се рециклира, а подоцна и обноват металите од отпадните води, не чуди фактот што зборуваме за земја кој во просек преработува околу 70 посто од светското злато секоја година.

Научниците во почетокот се плашече дека ќе се повтори критичната концентрација на ретки метали кои моментално се наоѓаат во Рајна.

Меѓутоа, анализите покажуваат дека се е во границите на нормалата, иако институтот предупредува дека многу малку се знае за потенцијалните токсиколошки ефекти на ретките метали.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар