Додека Порошенко одговараше на прашањата на новинарите на конференцијата за медиумите, Ердоган се бореше да остане буден, но сепак не издржа.

На снимката која за брзо време стана популарна на социјалните мрежи, се гледа како Ердоган мака мачи да се воздржи, а на моменти и се прозева.
Според медиумите, во еден момент Порошенко дури и удрил со раката на маса за да го разбуди.

По средбата на двајцата претседатели Ердоган кажа дека Турција нема да ја признае руската анексија на Крим, како и дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Украина.


Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 13:58
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:00

коментари

остави коментар