Компаниите кои не приложиле издржани финансиски извештаи или воопшто не приложиле дополнителни објаснувања кон претходно доставените финансиски извештаи кај кои биле утврдени бројни штелувања на податоците, на врата ќе им затропа финансиската инспекција.

Таа и пред овој рок  веќе работи во градскиот трговски центар во чиј извештај не можеле да се поклопат околу  милион и осумстотини илјади евра.
Меѓу триесетте компании кои се најдоа на неславната листа на државни фирми со недомаќинско работење, се Македонски железници, Спортско-рекреативниот центар Борис Трајковски, МТВ, Агенцијата за филм.

На повеќето од екс директорите на овие фирми, телефоните им останаа неми.
Единствено се огласи поранешната директорка на Агенцијата за филм Мими Ѓорговска Илиевска која за ова рече,  била известена од медиумите, притоа тврдејќи дека финансискиот извештај на Агенцијата за филм за време на нејзиното директорување односно за првото шестмесечје од годинава, бил апсолутно коректен и согласен со планот за работа.

Ако триесетте државни фирми до  утре не достават уредни извештаи, според законот директорите за чие време се направени незаконските дејанија, освен што ќе се соочат со кривична одговорност ќе треба и да ги вратат парите.

Инаку во првично доставените финансиски извештаи бил утврден голем неред за тоа каде и на кој начин биле трошени парите. Се плаќале интелектуални и адвокатски услуги со десетици илјади евра. Се прикажувало драстично трошење на нафта за иста релација, а така било и со киловатчасовите за електрична енергија и со телефонски импулси.

Трошењето на државна репрезентација се фингирало како потрошена струја или за телефон. Сето ова ја навело владата да ги прочешла недомаќинските трошења во триесетината јавни фирми, кај кои бил утврден хаос како горенаведениот. Останатите 70 државни фирми имале уредни финансиски извештаи. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 13:33
Мирјана Трпческа
Обновено во: 14:57

коментари

остави коментар