За таа цел, се формира првиот меѓуграничен Кластер за здравство помеѓу Македонија и Бугарија. Како предуслов за негово функционирање се реализираните практики во меѓусебна размена на искуства на лекарите од штипската Клиничка болница со соодветната висока здравствена институција од Благоевград – Бугарија. На основачката конференција се слушна и заложбата, со низа мерки за стимул во работата да се спречи одливот на младите лекари во странство.

-  Да тоа е голем проблем што го имавме пред две години во Бугарија. Одливот, што достигна дури 60 проценти од бугарската млада лекарска фела, го спречивме со низа мерки донесени од Владата на Бугарија, како, зголемување на платата, можноста лекарите да го користат концептот Џи Пи или општа лекарска практика. Тоа значи, лекарот по завршување на неговото работно време да може да работи  и дополнително. Ова е на некој начин стимул , лекарите да останат во нашите болници, а не да бараат егзистенција надвор од државата, изјави д-р Саби Хаџиев – Претседател на регионалниот БЛС.

-Основна цел на новоформираниот Кластер е што повеќе да се зближат двете страни, во случајот лекарската фела од Македонија и Бугарија со заеднички именител, видно зголемување на квалитетот на здравствените услуги кон пациентите, дополни Драгица Здравева - раководител на ИПР – Штип .

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 13:27
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:03

коментари

остави коментар