Комплицираниот потфат за пренесување на делови од мостот до нивната дестинација започна во средата наутро, а на својата дестинација ќе стигнат во вторник.

Руските власти во моментов го прекинаа бродскиот сообраќај на овој дел од Црното море, бидејќи 72 часовната инсталација на Кримскиот мост во моментов е најголем приоритет.

Деловите долги 45 метри ќе бидат подигнат 35 метри над водата кога експертите ќе започнат со нивната инсталација.

деловите ќе бидат подигнати од 12 најмоќни дигалки кои можат да поднесат товар од 650.Во тоа време на мостот инженерите ќе обезбедат се и полека ќе го прават преносот за да не се затресе конструкцијата.

Кримскиот мост ќе биде долг 19 километри со што ќе стане најдолг во Европа.

Автопатот од четири ленти и две за воз ќе има капацитет да прими 40.000 возила и десетина возови дневно и така ќе го поврзат полуостровот Керч и Таман.

Мостот за сообраќај ќе биде отворен кон крајот на 2018 година, а со полн капацитет ќе започне дури од 2019 година.



Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 12:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:01

коментари

остави коментар