„Сега кога се множат доказите дека во Турција се враќа мачењето во полициските простории, владата треба итно да нареди да се прекине“ – изјави Хју Вилијамсон, директор на одделениот на „HRW” за Европа и централна Азија.

Лицата кои се гонат за “тероризам“ или поврзуваат со неуспешниот пуч во јули 2016 година “мачени се додека биле во полицискиот притвор“, навела организацијата во извештајот под името “Во притвор- полициски мачења и киднапирања во Турција“.

„HRW” се повикува на “веродостојни докази“ за 11 случаи на злоставување и наведува дека полицајците ги претепувале или им се заканувале на затворениците, ги соблекувале голи и во некои случаи и сексуално ги злоставувале или се заканувале дека тоа ќе го направат.

„Мачењето и малтретирањето во полициските притвори во Турција станаа се пораспространет проблем“, наведе „HRW”.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 12:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар