Поради конзерваторските работи на античкиот театар во лоаклитетот Стоби , фестивалот и годинава ќе се одржи во зградата на велешки театар.

„ Вистинското место на одржување на овој фестивал е античкиот локалитет „Стоби“ Ние најдовме многу нови локации на кои може да се одржува фестивалот , така што поднесовме барање и се надеваме на позитивен одговор и 99% следната година фестивалот повторно ќе се врати во античкиот локалитет“ – изјави  Зоран Љутков – Директор на ИФАД „Стоби“

Актери од Србија, Бугарија, прилепскиот театар, северно од импакт во копродукција со велешки театар, и  на два театари од Казахстан ќе играат антички претатви  во конкуреција  за една од наградите.

„ Стигнуваат веќе и официјални покани каде театрите посакуваат да бидат дел од овој фестивал.  Да речеме еве претставата „Филоктет Медеа “ на театарот на Западен Казахстан е специјално направена за да дојдат на фестивалот на античка драма „Стоби“ , така што,  нас тоа многу ни олеснува во однос на селекцијата кога сме барани, а не да бараме“ – изјави Љутков

И годинава  фестивалот финансиски е поддржан од  општина Велес и Министерството за култура.

Наградите ќе бидат доделени на свеченото затворање на 21 октомври  , кога  во чест на наградените ќе биде одиграна претставата стујардеси на театар комедија.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 12:19
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 13:31

коментари

остави коментар