Претседателот на Туркменистан, Курбанкули Бердумихамедов го потпиша законот со кој граѓаните ќе треба да започнат да плаќаат сметки. Тие од 1993 – тата биле ослободени од сметките за вода, струја и гас, а до пред три години добивале и по 120 литри бесплатен бензин.

Претседателот пред Парламентот ја објави својата одлука, со која жителите на оваа богата земја во централна Азија ќе почнат да добиваат сметки.

Мерката за целосно ослободување од плаќање сметки во државата богата со гас , е редуцирана последните неколку години кога се воведени ограничувања. Секој жител имаше право на 35 киловати струја и 50 кубни метри гас месечно , како и 250 литри вода.

Ваквата мерка требаше да трае до 2030 година.

Но, сега претседателот смета дека ваквиот систем е прескап и оти од плаќања сметки треба да бидат ослободени само социјалните категории од населението . 

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 22:24
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:19

коментари

остави коментар