Двајцата затовреници, кои биле поканети на ручек со Папата при неговата посета на Болоња, ја искористиле можноста за да избегаат.

Тие биле во рехабилитациска установа за наркомани и затвореници и биле избрани меѓу 20 затвореници за да ручаат со Папата Франциск.

Наместо на ручек, затворениците избегале во непознат правец. Италијанската полиција трага по нив .

Папата Франциск на своите патувања редовно се среќава со осуденици во земјите што ги посетува , како дел од темата за милосрдие. 

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 21:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:56

коментари

остави коментар