,,Охрабрува иницијативата на одредени влади и градови да се подобри состојбата со загадениот воздух”  , наведува во извештајот  директорот на Агенцијата со седиште во Копенхаген , Ханс Бријнинг.

Загадениот воздух е најчестата причина за предвремена смрт во однос на сите други еколошки фактори . Од вкупно 520 400 предвремени смртни случаи во 41 земја на Европа , дури 428 000 се директно поврзани со ситните честички во воздухот што настануваат при согорување на фосилните горива.

Во земјите на ЕУ , ситните честички се причина за смрт на 399 000 од вкупно 487 600 смртни случаи предизвикани од загадување на воздухот.

Единствен позитивен пдаток во овој извештај е дека опаднал бројот на урбано население кое е под директна закана на загадениот воздух од 85 на 82 проценти .

Еврокомесарката Кармен Вела , по загрижувачките податоци , соопшти дека Европската Комисија сака да го реши овој проблем со што ќе им помогне на своите граѓани да го зачуваат здравјето .

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 19:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар