Сликата на Исус , насликана околу 1500 – тата , е вистинско откровение , велат од Кристи . Од таму очекуаат огромен интерес , бидејќи станува збор за едно од 20 – те највредни светски ремек – дела од периодот на ренесансата  , кои досега биле во приватни колекции .

Аукцијата денеска е најавена за 15. ноември . Меѓу познавачите , ова дело се нарекува ,,Машка Мона Лиза “ и со децении се сметало дека е засекогаш изгубено.

Првично сликата му припаѓала на Британскиот крал Чарлс I , а потоа продадена на аукција во 1763- тата . Подоцна била изгубена за да се појави во 1900 , но лицето на Исус било пребоено , што според реставраторите била вообичаена практика .

Затоа , кога сликата била продадена во САД , во 1958 – та за само 30 долари , никој не се посомневал дека станува збор за ремек дело .

Во 2005 – тата повторно е продадена . Новиот сопственик побарал да биде реставрирана  и по шест години било утврдено дека станува збор за ремек дело на Да Винчи , за кое дотогаш се знаело дека е изгубено .

Името на досегашниот сопственик не се соопштува , освен дека станува збор за колекционер од Европа , кој помогнал одново да се открие делото за кое се сметало дека е загубено повеќе од еден век .

По 1909 – тата ова е последната откриена слика на Да Винчи. 

Продажбата на Аукција следува по изложбите на ова дело во Хонг Конг , Лондон и Сан Франциско .
.
.

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 18:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:34

коментари

остави коментар