Пред да се разнесе , тој се јавил во полицијата и им кажал дека има три бомби и оти се активирани . Повикал да се тргнат луѓето за да не биде некој случајно повреден . Полицијата ја испразнила плажата , а по преговорите со мажот , тој сепак ги активирал бомбите .

Сплитската полиција се обидела и преку преговарач да го одврати 54 – годишниот маж од намерата да се разнесе .

Сепак , по еден час , тој ја остварил намерата . Официјално не се знаат причините за ваквиот чин , а медиумите информираат и дека неговата сопруга се обидувала да го предомисли .

На плажата одекнаа две експлозии , а во близина на трагичниот настан беше и поранешниот Сплитски градоначалник и пратеник  , Жељко Керум .

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 17:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар